Крикетот ќе се врати на олимписките игри за првпат од 1900 година откако беше потврден како еден од петте нови спортови на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028. Во исто време беа прифатени и флег фудбал, сквош, лакрос и бејзбол/софтбол.
Единственото појавување на крикетот на ОИ досега било во 1900, кога со злато се закитила Велика Британија.
Флег фудбал е верзија на американскиот фудбал во која нема контакти. Тимовите со по петмина играчи играат на помал терен и целта е да се повлече знаменце од играчот кој ја држи топката место тој да се собори. Овој спорт е најразвиен во САД, Канада, Мексико и Австралија, но е популарен и во Израел, Јужна Кореја и Индонезија, додека во Европа е најзастапен во Велика Британија и Германија.
Друг спорт за кој ова ќе биде деби е сквош, додека лакрос последен пат бил во програмата во 1908.
(Фото: АП)