ЛУБЕНИЦА И СЛАДОЛЕДИ ОД РИБА ЗА РАЗЛАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
NORTH MACEDONIA ANIMALS WEATHER

Со сладоледи и лубеница се разладуваат животните во скопската Зоолошка градина на високите температури. Зоо негувателите секое утро откако температурите се доближија до 40 степени подготвуваат ладни десерти за животните.

Покрај исхраната, се внимава животните постојано да се во сенка или климатизирани простори. (Фото: Ѓ. Личовски)

„Во најтоплите денови, по препорака на биолог и во согласност со нивната табличка за исхрана, секогаш правиме сладоледи за разладување на животните. Морските лавови добиваат замрзнати десерти со папалина и сардина, нивните омилени риби. Нилскиот коњ, слоновите и макаки мајмуните добиваат разладени лубеници, а овошни сладоледи добиваат и лемурите, патасите, шимпанзата и капуцинерите. За тигрите и лавовите се подготвуваат сладоледи од месо“, велат од Зоолошката градина.

Нилскиот коњ добиваат разладени лубеници.(Фото: Ѓ. Личовски)

Покрај исхраната, се внимава животните постојано да се во сенка или во климатизирани простори и постојано да имаат свежа вода, како за пиење, така и за капење. Во повеќето живеалишта има базени, а животните се разладуваат и со црево. Најмногу во оваа активност уживаат слоновите и мечките.

Животните се разладуваат и со црево. (Фото: Ѓ.Личовски)