СМРЕКА НА НОВОЗЕЛАНДСКИ ОСТРОВ Е НАЈОСАМЕНОТО ДРВО НА СВЕТОТ

Окленд, (Гардијан)

Се смета за најосаменото дрво на светот, но смреката на ненаселениот остров Кембел во последно време има добро друштво од тим новозеландски истражувачи кои веруваат дека таа може да помогне да се откријат тајните на климатските промени.

Девет метри високата смрека од видот ситка го држи Гинисовиот рекорд за најоддалечено дрво на планетата. Таа е осамена на ветровитиот остров во Јужниот Океан, 700 километри јужно од Нов Зеланд и е единствено дрво во кругот од околу 222 километри. Неговиот најблизок сосед расте на Оклендските Острови.

Се верува дека смреката била засадена од Лорд Ранферли, тогашниот гувернер на Нов Зеланд, во рани 1900-ти. Сепак, истражувањата не можеа да ја потврдат нејзината точна старост, а Гинисова книга на рекорди забележува дека „иако популарно се нарекува најосамено дрво на светот, не постои универзално призната прецизна дефиниција за тоа што се означува како дрво“.

Таа исто така е класифицирана како инвазивен вид и некои научници би биле среќни да ја нема.

Но, водачот на истражувањето на островот, Џоселин Турнбул, смета дека дрвото може да биде корисна алатка за да се разбере што се случува со навлегувањето на јаглеродниот диоксид во Јужниот Океан.