СО ПРЕТСТАВАТА „РАЦИН“ ВЕЧЕРВА СЕ ЗАТВОРААТ 62. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Со изведбата на претставата „Рацин“ во Велешки театар, вечерва (17 јуни) од 20 часот, завршуваат 62. Рацинови средби. Билетите се бесплатни и може да се подигнат на билетарницата.

Претставата „Рацин“ е во режија на Дејан Пројковски, а драматург е Сашо Димоски. Неодамна доби три награди на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: за најдобра кореографија и сценски движења – Васил Зафирчев, за најдобра сценографија – Валентин Светозарев и за најдобра авторска музика – Сашко Костов.