„СОВРЕМЕН СТАР ГРАД“ НА МАТЕА МИЈАНОВИЌ ВЕЧЕРВА ПО ВТОРПАТ ВО СУЛИ АН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва од 20 часот, во Сули ан по вторпат ќе се одржи настанот „Современ стар град“ на визуелниот уметник Матеа Мијановиќ.

„Големиот одзив на минатогодишното, прво издание на ‘Современ стар град’ ја покажа желбата на домашните уметнички ентузијасти за настани од овој тип. И оваа година, во фокус ќе бидат промоцијата и афирмирањето на 13 млади македонски таленти во три уметнички области – визуелна уметност, музика и современ танц“, вели Мијановиќ.