СРПСКИОТ АКТЕР НИКОЛА ЃУРИЧКО СО СТЕНД АП НАСТАП ВО СКОПЈЕ НА 7 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Популарниот српски актер Никола Ѓуричко ќе има стенд ап настап во Скопје на 7 март, што ќе се одржи во Филхармонијата. Како што објави „Пасворд продукција“, Ѓуричко ќе го претстави својот нов материјал под наслов „Шоубиз“.

„Новиот материјал на Ѓуричко вклучува анегдоти и поуки од неговиот живот како холивудски актер и занимливости од приватниот живот“, најави „Пасворд продукција“.

Ѓуричко моментално го снима продолжението на комедијата „Муње!“, а лани се појави во една од најпопуларните серии на „Нетфликс“, „Чудни нешта“.