СТРИПОТ „НАГОРЕ“ ПОБЕДИ НА 19. МЕЃУНАРОДЕН СТРИП САЛОН ВО ВЕЛЕС

Велес, (САКАМДАКАЖАМ.МК)

Стрипот „Нагоре“ на Марко Стојановиќ (сценарио и текст) и Бугаринот Иван Коритарев (цртеж) ја доби првата награда на Меѓународниот стрип салон, кој по 19. пат се одржа во Велес. Втората награда му припадна на Новица Миливојевиќ од Србија за стрипот „Еден сосема обичен понеделник“, а третата на Илко Стојановски од Велес за „Болен Дојчин“.

Специјално признание за афирмација на стрипот на Балканот му беше доделено на Николае Пепене, директорот на Историскиот музеј во Брашов, Романија.

Изложбата со наградените стрипови и дел од пристигнатите трудови може да се погледне во Ликовниот салон до 30 септември. На конкурсот пристигнале 195 стрипови на автори од 11 земји.

Во куќата на Касапови во Велес од денеска до недела се одржува стрип колонија, со учество на 20 автори од Романија, Албанија, Србија и Македонија.

П. ПЕЧКОВ