СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР ГОСТУВА ВО ШТИП СО МОНОДРАМАТА „КРОТКА“

Штип, (СМАРТ.СДК.МК)

Струмичкиот театар при Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва (14 март) гостува во Народниот театар во Штип  со монодрамата „Кротка“ , според делото на Достоевски. Режијата и драматизацијата е на Дејан Ангелов, музиката на Ставре Ангелаков, а сценографијата и дизајнот е на Никола Пијанманов. .

„Станува збор за силна психолошка монодрама која преку актерски момнолог навлегува во најдлабоките слоеви на човековата душа, отворајќи прашања за вината,совеста и одговорноста“, вели струмичкиот актер Стојан Велков-Трн.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, Пеце Ристевски вели дека ова гостување е во рамките на соработката што Народниот театар од Штип ја има со театрите во Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Струмица.

„ Покрај оваа востановена меѓусебна соработка што ја имаме со театрите во цела држава, во последно време Народниот театар во Штип се свртува и кон соработката со градовите во Источна Македонија кои немаат свои театри. Така за еден месец остваривме настап со нашите најнови театарски претстави во Делчево и Македонска Каменица. Планираме гостувања и во Кочани, Пробиштип и во неколку друјги градови кои останаа без своите театри, со поттик тие пак да ја возобноват театарската дејност“, вели Ристевски. .

Т. ЈОВАНОВСКИ