Организаторот на Фестивалот на античка драма „Стоби“ во Велес смета дека содржините треба да се прошират поради малата продукција на театарски претстави на антички текстови во Македонија.
„Бидејќи во Македонија имаме сѐ помалку претстави, продукции на антички текстови, ќе предложам да се изврши промена во статутот, да се додаде член да се прошири фестивалот, за негово добро и добро на публиката. Да не бидат претставите ограничени само на античка тема“, вели Жарко Спасовски, директорот на Велешкиот театар, кој е организатор на фестивалот.
На годинашново издание, кое е во тек, од петте претстави во конкуренција, само една е според антички текст, „Лисистрата“ на театарот од Зрењанин, Србија.
П. ПЕЧКОВ
Фото: Жарко Спасовски, градоначалникот на Велес, Марко Колев и актерката Весна Бобевска, претседателка на жирито