УШТЕ 14 ДЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вонредната состојба поради коронавирусот е продолжена за уште 14 дена во Македонија, додека бројката починати од КОВИД-19 се ближи кон 100.

  • Осумдесет и деветгодишен скопјанец и 72-годишен велешанец починаа од последиците на коронавирусот, со што трагичниот биланс порасна на 97 мртви.
  • Во изминатите 24 часа има 17 новозаразени (од направените 460 тестирања), од кои шест во Тетово, по три во Скопје и Прилеп, по два во Куманово и Велес и еден во Битола.
  • Досега се регистрирани 1.740 случаи на коронавирус, од кои 392 се активни.
  • Бројката оздравени изнесува 1.251, 16 повеќе од вчера.
  • Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба во земјата, овојпат во траење од 14 дена.
  • „Причината за ваквата одлука е потребата да се спроведат економско-социјалните мерки за ублажување на последиците од пандемијата“, појасни Пендаровски.
  • Полицискиот час останува на сила, но за сите ќе важи од 19 до пет часот, потврди Владата.