УТРИНСКАТА ПРОГРАМА НА РАДИО 2 ЌЕ СЕ ПРИКАЖУВА НА МТВ КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЗВУК ШТО СЕ ГЛЕДА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утринската програма на Македонското Радио 2 ќе биде дел од утринската програма на Македонската телевизија. Од радиото велат дека со колегите од телевизијата ќе работат заедно на проектот, што го нарекоа „Звук што се гледа“.

„Секој работен ден од 7:30 часот, утринската програма на Радио 2 се сели пред ТВ-камерите, како составен дел од утринската програма на МТВ. Гледачите и слушателите ќе имаат единствена можност да ѕирнат во магијата каде што се создава радио-програмата и да ја почувствуваат позитивната енергија на водителите Зорица Николовска, Ване Маркоски и ТикТак“, велат од Радио 2.