МАРИОН КОТИЈАР ЌЕ ГЛУМИ ВО ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА НА „УТРИНСКА ПРОГРАМА“

Лос Анџелес, (Дедлајн)

Француската актерка Марион Котијар ќе глуми во четвртата сезона на ТВ-серијата „Утринска програма“ (The Morning Show). Котијар им се приклучува на Рис Витерспун и Џенифер Анистон, кои ги играат главните улоги. Оскаровката ќе го глуми ликот на Селин Думон, која доаѓа од познато европско семејство.

Витерспун и Анистон се и продуцентки на серијата, која е во продукција на „Епл ТВ“. Првата епизода излезе во 2019.

„Вараети“ објави дека во четвртата сезона нема да се врати глумицата Џулијана Маргулис, која се приклучи во втората сезона како новинарката Лора Питерсон.

(Фото: Гети)