ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕС ПРОЕКЦИЈА НА ХОЛАНДСКИОТ ФИЛМ „ЏИПИ ПОВЕЌЕ ГО НЕМА“ НА ОТВОРЕНО

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (29 јули) од 21 часот, во дворот на Европска куќа Велес, поранешниот двор на киното „11 Октомври“, ќе се прикаже холандскиот игран филм „Џипи повеќе го нема“ (Jippie No More). Филмот снимен во 2023 е искрена и топла семејна приказна со доза на хумор.

Европската куќа Велес ова лето продолжува со прикажување европски филмови под отворено небо. Во ноември лани, на истото место се одржа настанот „Велес на филм“, кој го реализираа Европска куќа и здружението „Арт генератор“.

П. ПЕЧКОВ