Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечерва (27 јуни) ќе настапи на фестивалот „Театар на тврдината“ во Смедерево, Србија. Актерите ќе ја играат претставата „Галеб“, работена по текст на Чехов, во режија на Александар Ивановски, која имаше премеира кон крајот на мај.
Претставата ќе биде одиграна на тврдината во Смедерово.
На фестивалот, кој има натпреварувачки карактер, учествуваат ансамбли од Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Грција и Македонија.