ВЕЛЕШКИТЕ ОСНОВЦИ ИЗУЧУВАА СТАРИ ЗАНАЕТИ НА ПЕТ РАБОТИЛНИЦИ, ИЗРАБОТКИТЕ ГИ ПРЕТСТАВИЈА НА ИЗЛОЖБА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Рачни изработки од децата учесници на работилниците за стари занаети беа изложени во Куќата на Касапови во Велес.

Десет дена, 54 основци од осмо и деветто одделение и две од седмо одделение од основните школи во Велес работеа во спомен-куќите на Рацин, Солеви, Васил Главинов и Касапови.

„Ова е завршен настан од сите пет работилници, изложени се изработените предмети. Позитивно сум изненаден од кретивноста и иновативноста на децата кои учествуваа. Одлучивме учесниците да си ги земат изработките за себе како спомен“, кажа Гоце Станчев, организатор на работилниците.

Материјалите со кои децата работеа, дрво, глина, конец, волница и плетиво, беа обезбедени од проектот. Тајните на  подзаборавените занаети грнчарство, столарство и ткаење ги учеа десет дена.

„Целта ни е младите да ги поттикнеме на учење на овие стари занаети, кои се во изумирање. Ова ги демантира тврдењата дека младите не се заинтересирани за нив. Во надеж сме дека токму овие деца ќе бидат идни занаетчии и тоа ќе им биде второ занимање и хоби“, рече Станчев.

П. ПЕЧКОВ