ВО ГЕРМАНИЈА ОТВОРЕН ПРВИОТ АВТОНОМЕН СУПЕРМАРКЕТ ВО КОЈ НЕМА КАСИ

Минхен, (ДПА)

Трговската компанија „Реве“ го отвори првиот целосно автономен супермаркет во Германија, во кој не постојат каси.

За влез во продавницата во Минхен потребна е пријава преку апликација. Од полиците се зема сè што треба и купувањето е завршено. Сметката се плаќа дополнително преку мобилен телефон и тоа е загарантирано така што камерите и сензорите снимаат сè што се става во торба.

Реве“ претходно го испроба ова во две хибридни продавници во Берлин и Келн, во кои постоеја и каси.

Продавници без каси тестираат и други трговски ланци, но главно во помали продажни објекти. Супермаркетот на ‘Реве‘ има нешто помалку од 300 квадратни метри“, изјави Франк Хорст од Институтот за истражување на трговијата во Келн.

Првиот купувач во автономниот супермаркет на „Реве“ беше министерот за стопанство Хуберт Алвангер.