Археолозите во Кенија открија некои од најстарите камени алатки користени од луѓето, чија старост се проценува на 2,9 милиони години. Тоа докажува дека алатки користеле и други гранки на раните луѓе, а не само предците на хомо сапиенс.
Истражувачите велат дека алатките биле користени за касапење големи животни и гмечење растителни материјали. На истото место се пронајдени и фосили на два заба, што му припаѓаат на далечен роднина на човекот, познат како парантропус.
Научниците досега веруваа дека едноставни камени алатки користеле само предците на хомо сапиенс, група на која ѝ припаѓа и нашиот вид. Сешак, на локалитетот во западна Кенија не се пронајдени фосили на хомо сапиенс.
„Последните откритија на олдованските алатки се значајно надградување во однос на постарите сурови камени алатки, кои датираат од пред 3,3 милиони години, пред појавата на хомо сапиенс“, велат истражувачите.