АМСТЕРДАМ ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕ КАНАБИС ВО ЗОНАТА НА ЦРВЕНИТЕ ФЕНЕРИ

Амстердам, (Би-Би-Си)

Наскоро ќе биде забрането да се пуши марихуана на улиците во зоната на црвените фенери во Амстердам, откако градот усвои нови регулативи. Тие ќе стапат во сила во средина на мај и имаат за цел да ги подобрат условите за живот на локалните жители, кои долго време се жалат на вознемирување од туристите.

Сексуалните работнички исто така ќе мора да завршуваат со работа до три часот, а рестораните и баровите ќе се затвораат до два часот во петоците и саботите. Нови посетители нема да смеат да влезат во стариот дел од градот по еден часот.

Амстердам е светски познат по своите кофи-шопови, кои годишно привлекуваат милиони туристи. Според сегашните закони, во Холандија е забрането да се произведува, продава и поседува дрога, но „политиката на толерантност“ им овозможува на кофи-шоповите да продаваат канабис под строги услови.

(Фото: Г. Конев)