ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ГЛАСА ДАЛИ ИЗРАЕЛ ЌЕ БИДЕ ИСФРЛЕН ОД ЕВРОВИЗИЈА

Париз, (Политико)

Националните радиодифузери ќе одржат гласање во почетокот на ноември, на кое ќе се одлучи за учеството на Израел на следната Евровизија во Виена, изјави портпаролот на популарното музичко натпреварување.

Неколку држави, вклучувајќи ги Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се заканија дека ќе ја бојкотираат Евровизија ако му се дозволи на Израел да учествува, посочувајќи ја ужасната хуманитарна ситуација во Газа.

Евровизија ја организира Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која обединува 113 државни телевизии од 56 земји. Управниот одбор на ЕБУ испратил писмо до генералните директори на сите членки на ЕБУ во кое ги известил за гласањето.

И годинашната Евровизија ја следеа контроверзи поради настапот на Израел. Манифестацијата се прогласува себеси за неполитичка, но во 2022 ја исфрли Русија поради војната во Украина.

(Фото: Гети)