ЗАЕВ ОСЛОБОДЕН ВО СЛУЧАЈОТ „ПОТКУП“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Премиерот Зоран Заев не е виновен за кривичното дело давање ветување за подарок, одлучи денеска Основниот суд Скопје 1, ослободувајќи го од обвинението во случајот „Поткуп“. За ова кривично дело е предвидена затворска казна меѓу една и пет години.

  • Зоран Заев првично беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од околу 164.000 евра од бизнисменот Иван Николов за градежно земјиште во Струмица.
  • Обвинението, во меѓувреме, беше преиначено од барање поткуп во барање ветување за подарок за службено дејствие, бидејќи на регуларната цена на земјиштето, Заев побарал дополнителни едно евро по квадрат за црква и едно евро по квадрат за себеси.
  • Откако видео-снимките и телефонските разговори отпаднаа, остана само исказот на Николов против исказот на Заев.
  • Врз основа на доказите, обвинителката Валентина Бислимовска заклучи дека Заев не земал ни евро поткуп и судијата Дарко Тодоровски го ослободи од обвинението.