Затвореници кои отслужуваат казни за ненасилен криминал сочинуваат 35-40 отсто од пожарникарите во Калифорнија. Се пријавуваат доброволно и припадниците на „затворската екипа“ се платени по еден долар на час.
Бил Сеса, портпаролот на калифорнискиот Оддел за санкции и рехабилитација, вели дека околу 1.700 затвореници гасат пожари во моментов.
„Нема поубаво чувство од гасење пожари. Сите им се заблагодаруваат на пожарникарите. Дури нè нарекуваат ‘портокалови ангели’“, вели Џошуа Кувер, еден од затворениците.
Според Сеса, платата од еден долар на час е најдоброплатена работа што можат да ја имаат затворениците и придонесува за нивна рехабилитација.
Калифорнија е погодена од можеби најлошите пожари во својата историја, кои што досега однесоа 35 животи, а над 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови.