Две џиновски желки, чиј вид е критично загрозен, станаа родители за првпат на возраст од околу 100 години во зоолошката градина во Филаделфија. Оттаму кажаа дека се пресреќни со доаѓањето на четирите младенчиња, чии родители Абрацо и Мами потекнуваат од Галапагос.
Ова се први новороденчиња во повеќе од 150-годишната историја на зоолошката градина, каде што Мами била донесена во 1932 година. Таа го извела првото јајце на 27 февруари, по што следеле и други. Четирите младенчиња тежат меѓу 70 и 80 грама и од зоолошката велат дека нормално се хранат и развиваат.
Планирано е новите жители да имаат деби во јавност на 23 април, кога се одбележуваат 93 години од доаѓањето на нивната мајка. За разлика од неа, Абрацо бил донесен дури во 2020.
Желките вестерн санта круз се критично загрозени во дивина, а помалку од 50 се чуваат во зоолошките градини во САД.