ДИЕТИТЕ МИ ГО УПРОПАСТИЈА МЕТАБОЛИЗМОТ, ВЕЛИ ЕМА ТОМПСОН

Лондон, (Гардијан)

Британската оскаровка Ема Томпсон во интервју за „Гардијан“ вели дека диетите ѝ го упропастиле метаболизмот и ѝ направиле мешаница во главата.

„Цел живот се борам со таа мултимилионска индустрија, но посакувам да знаев многу повеќе пред да ме навлечат. Жалам што воопшто бев на диети“, вели 59-годишната актерка.

Томпсон не откри за каква диета станува збор, но препорачува дека е многу важно за еден човек кој сака да биде на диета, прво да се консултира со доктор и да истражува каков вид храна му е потребна.

„Ако сте на ригорозна диета, вашиот метаболизам опаѓа и тоа значи дека ќе губите помалку тежина од калориите што сте ги намалиле. Поспора диета дава помал ефект. Откако ќе ја достигнете посакуваната тежинa, диетата веќе нема долготраен ефект. Вашиот метаболизам се успорува, бидејќи сте помала личност“, вели нутриционистката Сузан Б. Робертс.