ОБЈАВЕНА ПРВА НОВА ПЕСНА ОД ЏОРЏ МАЈКЛ ПО СЕДУМ ГОДИНИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Досега необјавена песна на Џорџ Мајкл премиерно беше пуштена денеска на „Би-Би-Си радио 2“.

Насловена „This Is How (We Want You To Get High)“, таа била снимена за време на последните студиски сесии на Мајкл во 2015 година, а сега е дел од саундтракот на филмот „Минатиот Божиќ“, инспириран од неговите песни.

Ова е прва нова песна на Џорџ Мајкл во последните седум години и е објавена неполни три години по неговата ненадејна смрт.

Ема Томпсон, која го напиша сценариото и е во главна улога, неодамна кажа дека Мајкл ѝ дал благослов да направи ваков филм.

Тој беше најфиното момче што можете да замислите. Тој ги сакаше сите теми од филмот, зашто имаше голема социјална свест. Бев многу ентузијастична за филмот и почнавме да работиме на него, кога Џорџ ненадејно почина за Божиќ 2016. Многу ми недостига“, изјави Томпсон.