ИСЛАНДСКАТА КУЈНА МЕЃУ НАЈЗДРАВИТЕ НА СВЕТОТ

Рејкјавик, (MИК)

Речиси отсекогаш Исланд претставувал дестинација за љубителите на гастрономијата, а посебно на здравата храна. Исландската кујна е богата со домашни производи, ниско ниво на процесуирана храна и со многу јадења богати со омега 3.

Во рангирањето на „Блумберг“, Исланд беше втора по наталитетот и по квалитетот на исхрана.

Исландската кујна главно се состои од обемен домашен појадок место пакувани јадења за носење, свежа морска храна и од квалитетни месо и млечни производи.

Владината политика, исто така, има голема улога. Обидот за користење на чиста, обновлива и одржлива енергија придонесува за посвежи и повкусни хранливи производи.

Рибарскиот град Гриндавик носи риба фатена истиот ден во рестораните низ Исланд, но и по ресторани низ светот следниот ден. Неколку од најпопуларните риби се треска, харинга, лосос и сина туна, од кои сите се богати со омега-3 масни киселини.

Јагнешкото месо, кое е многу присутно во менијата во Исланд, е полно со железо и омега 3, што помага во намалувањето на крвниот притисок и ги спречува кардиоваскуларните болести и депресијата.

Од друга страна, кравите, кои во Исланд се хранат исклучиво со трева, произведуваат млеко со висок процент на бета-каротен. Путерот има темна жолта боја, што укажува на високо ниво на масти, а скирот, традиционален кремаст производ сличен на јогурт, помага многу во контрола на тежината, регулација на шеќерот во крвта и во општото здравје на коските и срцето.

Овците и други животни, како дивите коњи, можат да пасат слободно во продолжените сончеви часови во летните денови. Бројот на овците во Исланд е трипати поголем од бројот на жителите, така што подгответе се да го делите патот со нив, ако се определите за патување во оваа прекрасна земја!