КАКО ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ПОДОБРО ПО ПРЕЈАДУВАЊЕ

Лондон, (Хелт)

Лесно е да се прејaдеме кога се ближат празници и кога студеното време нѐ принудува да седиме во затворено и да не ѝ одолеваме на вкусната храна. Имајќи го ова предвид, ви нудиме неколку совети како да се вратите во саканата форма откако сте претерале со јадењето, без да одите во екстремите на прегладнување или на часови кардиовежби.

Како прво, престанете да се карате себеси

Чувството на вина не ве води кон поздрав живот и честопати е придружувано од емотивни однесувања и враќање кон прејадувањето. Едноставно, помирете се со фактот дека не можете да се вратите назад, но дека отсега ќе носите поздрави одлуки.

Излезете на прошетка

Ова може да помогне храната побрзо да се свари и да ги намали резервите на маснотии во вашето тело. Според едно истражување, кога луѓето излегуваат на кратка прошетка по прејадување, успеваат да ја намалат концентрацијата на триглицеридите (тип на маснотии што се складира за енергија во телото) до 70 отсто повеќе од тие што по јадењето останале во пасивна состојба.

Подобрете се во изборот на следната порција

Ако сте претерале со една порција, бидете повнимателни со следната. Одберете нешто полесно, но задоволително. Одлучете се за повеќе зеленчук и храна со протеини.

Водете сметка за вашите калории во следните неколку дена

Запишете ја количината на консумирана храна на смартфон апликација (како „Луз ит“ или „МајФитнесПел“) или, едноставно, на лист хартија. Држете се за овој план, сè додека не се вратите на вашата поранешна рутина на исхрана.

Почнете со неколку поинтензивни физички вежби

Максимизирајте го согорувањето на калории со средноинтензивни вежби: тие ќе го забрзаат метаболизмот за 12 до 24 часа по вежбањето. Правете по 15 склекови, клекнувања, кревање товар на рамења, истегнување на трицепси, странични подигнувања, итн.