ВО ОХРИД СЕ ОДРЖУВА ФЕСТИВАЛ НА ДОМАШНА ХРАНА СО ДЕГУСТАЦИЈА

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Петтото издание на гастрономскиот настан „Вкуси го Охрид-локално“ ќе се одржи денеска (15 август) од 19 часот кај Долна Порта во Охрид, а овојпат во фокусот ќе биде охридската медовина.

Посетителите ќе можат да дегустираат медовина, локални производи и традиционални специјалитети, како и да се запознаат со локалните производители и процесот на производство на мед – од пчеларникот до неговата употреба во традиционалниот пијалак.

Во програмата е предвидена и музика, а настанот го организира „Слоу фуд Охрид“, со поддршка од Општина Охрид, „Слоу фуд Македонија“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.