НЕ ПИЈТЕ КАФЕ ВЕДНАШ ПО ЈАДЕЊЕ, МОЖЕ ДА ГО НАРУШИ ВАРЕЊЕТО НА ХРАНАТА

САД, (Си-Ен-Ен)

Кафето после оброк може да го стимулира дигестивниот процес и да го зголеми производството на желудочна киселина. Ова може да го подобри варењето на храната со висока содржина на масти и да ја зголеми ситоста.

Покрај тоа, пиењето кафе може да помогне да се намали поспаноста по обилен оброк и да се освежи умот. Mногу луѓе пијат шолја кафе веднаш по ручекот, најмногу за да се расонат. Сепак, оваа практика не ја препорачуваат лекарите.
Подобро е малку да се почека. Танинот содржан во кафето ја спречува апсорпцијата на железото во желудникот. Особено луѓето кои веќе страдаат од недостаток на железо или се чувствителни на недостаток на железо не треба да пијат кафе половина час по јадење.

Се препорачува со кафето да се почека 30 минути до еден час по оброкот. Ова му овозможува на телото да го заврши варењето на храната и да ја максимизира апсорпцијата на хранливите материи. Пиењето кафе прерано после јадење може да го наруши варењето и да доведе до киселини.