Јадењето хранлив појадок со високо ниво на протеини може да ја намали желбата за храна и да ни помогне да останеме сити подолго време, велат нутриционистите.
Во одржувањето на здравите навики важно е како го поминуваме утрото бидејќи тоа го поставува ритамот за остатокот од денот. Тренерите за слабеење препорачуваат протеински појадок на сите кои се обидуваат да избегнат нездраво зголемување на телесната тежина.
„Појадок богат со протеини е најдоброто нешто за почеток на денот. Првиот оброк ги одредува шеќерот и енергијата во крвта и нѐ прави поодлучни и повитални“, вели тренерот Џејсон Сани.
Тој препорачува појадок кој содржи комбинација од протеини, влакна и здрави масти. Како примери ги нуди овесна каша со јаткасти плодови и овошје, грчки јогурт со бобинки и семки и јајца со тостиран леб со цело зрно.