ШЕСТ МОЗОЧНИ ВЕЖБИ ЗА ДА СТАНЕТЕ ПОПАМЕТНИ

Лондон, (Хелт)

Новите искуства и предизвици е она што го одржува нашето ментално здравје, посебно оние кои ги комбинираат физичките сетила со таканареченото емоционално сетило, стимулирајќи повеќе врски помеѓу различни мозочни делови. Нервните клетки произведуваат повеќе природни хранливи материи, подобрувајќи го сеќавањето и правејќи ги клетките посилни и поотпорни на ефектите на стареењето. Пробајте ги овие вежби за вашиот мозок наутро или во ваше слободно време.

Мијте ги забите со спротивната рака

Истражувањата докажаа дека користењето на спротивната страна на мозокот (како во оваа вежба) може да резултира со брзо и значително проширување на делот од кортексот кој ги контролира и обработува допирните информации. Мијте ги забите и не заборавајте да ја нанесете пастата во обратна насока.

Туширајте се со затворени очи

Вашите раце најверојатно ќе забележат разни текстури на вашето тело што не ги гледате и така ќе испраќаат пораки на вашиот мозок. Обидете се да ги користите само вашите допирни сетила. Лоцирајте ги чешмите исклучиво преку допир и адаптирајте ја температурата. Потоа, продолжете да се миете, бричите итн. со затворени очи.

Сменете го распоредот на вашите утрински активности

Студиите од мозочни слики покажуваат дека новите искуства активираат големи делови од кортексот и укажуваат на зголемено ниво на активност на мозокот во неколку различни области. Оваа активност се намалува кога задачата станува рутинска и автоматска. По појадокот, шетајте го вашето куче по нова патека или сменете ја ТВ-станицата која секогаш ја гледате наутро.

Сменете ги местата на масата

Во повеќето семејства, секој има свое место, но вашиот мозок има корист од нови искуства. Вежбајте со него преку менување на местата на масата, за да ги смените вашата позиција, погледот кон одреден агол на собата, па дури и тактиките како да дојдете до солта или биберот!

Отворете го прозорецот на автомобилот

Хипокампусот, областа од вашиот мозок која ги обработува спомените, е особено вклучен во поврзувањето на мириси, звуци и место за изградба на ментални карти. Обидете се да ги идентификувате новите мириси и звуци за време на вашето патување. Ако ова не е нешто што можете да си го дозволите често, тогаш излезете на прошетка. Планинарењето, на пример, е една од најдобрите работи што можете да ја направите за вашиот мозок.

Правете уметнички проект во група

Уметноста ги активира невербалните и емоционалните делови на церебралниот кортекс. Кога креирате уметност, на делови од вашиот мозок ги привлекувате карактеристиките на формите, боите и текстурите и мисловниот процес се менува од линеарно размислување кон креативно. Побарајте од секоја личност да нацрта нешто поврзано со одредена тема, како годишно време, емоција или актуелен настан.