ВЕЖБАЈТЕ ПРЕД СЕКСУАЛЕН ОДНОС ЗА ПОЛЕСНА ВОЗБУДА И ПОСИЛЕН ОРГАЗАМ

Њујорк, (Њујорк тајмс)

За мускулите, сексот е само уште еден тренинг. И како и повеќето тренинзи, колку повеќе кондиција имаме, толку попријатно може да биде. Американските научници препорачуваат и вежбање пред секс за полесна возбуда.

„Важно е да се запамети дека сексот е движење, а секое движење е вежба. Ако сакате да имате задоволувачки секс, веројатно ќе имате корист од движењето на вашето тело надвор од спалната соба“, рече Деби Хербеник, директорка на Центарот за промоција на сексуалното здравје при Универзитетот во Индијана.

И ако сте задоволни со вашиот сексуален живот, редовната фитнес навика може да му помогне на вашето тело да продолжи да функционира правилно. Ако мислите дека вашиот сексуален живот може да биде подобар, вежбањето може да помогне ако имате еректилна дисфункција, болка при пенетрација и слаб сексуален нагон.

1. Издржливост – 20 секунди

Застанете во положба за склекови, па спуштете се така што ќе бидете потпрени на подлактиците. Обидете се да го држите рбетот исправен и останете во таа положба 20 секунди.

2. Мост – 15 пати

Легнете на грб, ставете ги рацете до телото и свиткајте ги нозете до колената. Подигнете го задникот од подот и повторете 15 пати. На овој начин ќе ги зајакнете мускулите на задникот, но и карличните мускули.

3. Скок-чучење – 10-15 пати

Оваа вежба ќе ни помогне да бидеме поиздржливи во сексот. Застанете со рацете до телото. Потоа спуштете се, кревајќи ги рацете пред вас. После тоа, скокнете нагоре и штом ќе се спуштите, вратете се во почетната положба.

Посилните карлични мускули значат и посилен оргазам (Фото: Фрипик)

4. Кегелови вежби – 5-10 секунди

Посилните карлични мускули значат и посилен оргазам. Првото нешто што треба да го направиме е да ги идентификуваме карличните мускули, со контракција на мускулите како кога сакаме да престанеме да мокриме. Држете ги цврсто овие мускули околу десет секунди, а потоа опуштете ги десет секунди. Ако тоа е премногу за вас, започнете со пет секунди и зголемувајте го времете постепено.

5. Склекови – 10-15 пати

Оваа вежба го зајакнува целото тело, па затоа е идеална за оние кои сакаат да експериментираат и да пробуваат различни пози.

Правете ги овие вежби редовно и ќе видите подобрување со текот на времето. Истражувањата покажаа дека жените кои вежбаат пред сексуалната активност полесно се возбудуваат.