Германскиот истражувач на спиењето Ханс-Гинтер Вес вели дека не треба да се потценува недостигот на квалитетен сон, кој особено знае да биде нарушен на летните горештини. По лоша ноќ, луѓето цел ден се прозеваат, а тоа е заразно и влијае на сите, се прават грешки и исто така се зголемува ризикот од несреќа на работа или на пат.

Ова се негови совети за квалитетeн сон во летните месеци:

  • Сѐ зависи од соодветна вентилација. Преку ден прозорците нека бидат затворени, а отворете ги штом си легнувате.
  • Напијте се нешто топло пред легнување, така е помала веројатноста да се испотите.
  • Истуширајте се со топла вода, така ќе се отворат порите на кожата и ќе добиете свежина.
  • Не пијте алкохол. Можеби ќе ве релаксира моментално, но ги проширува крвните садови и доведува до потење во текот на ноќта.
  • Вес не препорачува ниту апчиња за спиење оти создаваат зависност.
  • Ако имате плочки на подот во спалната соба, можете да истурите вода за да се разлади просторијата. Само бидете внимателни кога станувате од креветот.