ФИТНЕСОТ НАЈПОТРЕБЕН НА 50 ГОДИНИ

Берлин, (ДПА)

Луѓето знаат да излезат со милиони изговори за да не вежбаат а една од најчестите е старата возраст. Но всушност, стареењето е една од првите причини за да почнете да вежбате.

Германското здружение на артопластија препорачува дека кога ќе ги стигнеме 50-ите години, од голема доблест е формирањето на стабилна мускулатура. „Луѓето кои не се многу активни обично губат до 40 отсто од својата мускулатура до 70 годишна возраст“, велат експертите.

Вежбите за градење мускули се особено потребни по долго време поминато во болница, како во случај на трансплантација, бидејќи тогаш мускулите драстично ослабнуваат. Вежбите за рехабилитација се исто така начин за брзо закрепнување.