АВИОКОМПАНИЈАТА НА НОВ ЗЕЛАНД ЌЕ СЛУЖИ КАФЕ ВО ШОЛЈИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ЈАДАТ

Велингтон, (Би-Би-Си)

Новозеландскиот национален авиопревозник ќе почне да користи шолји што можат да се јадат во обид да го намали количеството ѓубре во своите авиони.

Шолјите на локалната компанија „Твајс“ се направени од бисквити со вкус на ванила и не протекуваат.

„Ер Њу Зиланд“ служи повеќе од осум милиони кафиња во текот на година и на овој начин сака да го намали количеството отпад што завршува на депонии.

„Шолјите се тестирани и во воздух и на копно, како дел од нашите напори да пронајдеме иновативни начини да бидеме поодржливи. Шолјите се голем хит меѓу патниците и исто така ги користиме за служење десерт. Тие имаат позитивно влијание врз околината“, соопшти компанијата.

„Ер Њу Зиланд“ претходно тестираше шолји направени од хартија и пченка.