ЗОШТО НА ОРГАНИЗМОТ МУ Е ПОТРЕБЕН КАЛИУМ

Њујорк, (Лајвстронг)

Кога вежбате, најважно е да имате зачувани и здрави мускули и коски и затоа на вашиот организам мора да му обезбедите калиум.

Експерти од универзитетот во Колорадо велат дека калиумот е минерал што ја подобрува работата на клетките. Ако имате 14 или повеќе години, дневно треба да се внесуваат меѓу 1.600 и 2.000 милиграми калиум.

Една банана содржи 422 милиграми калиум, а во огромни количества го има и во печен компир – дури 926 милиграми. Намирници богати со овој минерал се и портокал, домат, боранија и семки од сончоглед и секогаш е подобро тој да се зема од храна.

Ова се некои од неговите најважни улоги:

  • Помага кај остеопорозата, бидејќи храната богата со калиум ги зацврстува коските, што е особено корисно кај луѓе во постари години.
  • Помага во спречување на појавата на бубрежен камен. Калиумот ги елиминира киселините што се појавуваат при неправилна исхрана, кои водат кон појава на камен во бубрезите.
  • Ја подобрува работата на мускулите.
  • Ја намалува напнатоста во ѕидовите на крвните садови, со што го регулира крвниот притисок и со тоа игра голема улога во спречувањето на мозочен удар.

Недостигот на калиум се нарекува хипокалемија и стручњаците нагласуваат дека тоа води кон слабеење и грчење на мускулите, со што и организмот побрзо се уморува.