15 ГОДИНИ ПО РАЗВОДОТ, БРЕД ПИТ И ЏЕНИФЕР АНИСТОН ВЕЧЕРВА ЗАЕДНО НА ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ

Лос Анџелес, (Сан)

Поранешните сопружници и една од омилените холивудски двојки, Џенифер Анистон и Бред Пит, се очекува да се спојат вечерва на 77. доделување на Златните глобуси, откако од разводот во 2005 година избегнуваа да се појавуваат заедно на настани од шоу-бизнисот.

Холивудските медиуми пренесуваат дека тие можеби заедно ќе се појават и на црвениот килим во Беверли Хилс и ќе седат еден до друг.

Педесетгодишната Анистон е номинирана за најдобра актерка за серијата „Добро утро Америка“, а Пит (56) има номинација за најдобра споредна улога за „Беше еднаш во Холивуд“.

Тие беа во брак од 2000 до 2005, по што Пит ја почна врската со Анџелина Џоли.

Нивни пријатели велат дека двајцата, откако се сингл изминативе години, го обновиле пријателството и имаат голема почит еден за друг.