АКТЕРКАТА ОЛИВИЈА МУН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛА АГРЕСИВЕН ВИД НА РАК НА ДОЈКА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Американската актерка Оливија Мун откри дека лани ѝ бил дијагностициран рак на дојка, при што имала четири операции во изминатите десет месеци. Четириесет и тригодишната Мун кажа дека операциите вклучувале и двојна мастектомија.

Ракот беше агресивен, но беше фатен навреме за да имам опции. Сакав да поминам низ најтешките делови пред да го споделам ова со јавноста“, изјави Мун.

Таа кажа дека болеста ѝ била откриена по тестирање за 90 различни гени на канцер и по одење на мамографија. Иако тестовите биле негативни, направила дополнителни испитувања, при што биопсијата покажала дека има „луминален Б рак на двете дојки“.

Тоа е агресивен вид на рак кој брзо напредува. Триесет дена по биопсијата бев подложена на двојна мастектомија. Имав среќа што го фативме навреме“, изјави Мун.

(Фото: АП)