АЛ ПАЧИНО СЕ РАЗДЕЛИ ОД 54 ГОДИНИ ПОМЛАДАТА ПАРТНЕРКА СО КОЈА ЛАНИ ДОБИ ДЕТЕ

Њујорк, (Мирор)

Легендарниот актер Ал Пачино објави дека ја прекинал врската со филмската продуцентка Нор Алфалах.

И покрај значајната разлика во години, 84-годишниот Пачино и 30-годишната Алфалах се зближиле за време на пандемијата и лани во јуни го добија синот Роман. Запрашан неодамна да го разјасни својот романтичен статус, Пачино јасно кажа дека е сам.

„Не сум во врска, имам пријателство“, кажа Пачино.

Портпарол на Пачино дополнително објасни дека двојката направила премин од партнери во пријатели кои заеднички го одгледуваат нивното дете.

„Ал и Нор се многу добри пријатели, така е со години и заедно се грижат за нивниот син Роман“, кажа портпаролот.

Пачино никогаш не се женел, а со актерката Беверли Д‘Анџело има три деца.

(Фото: Бекгрид)