Фестивалот Таксират од оваа година ќе се одржува во салата „Јане Сандански“ во Скопје, објави организаторот „Пасворд продукција“. Тој во изминатите години се одржуваше во арената „Борис Трајковски“, а пред тоа и во Младински културен центар и на Скопски саем.
„По уривањето на Скопски саем, немавме друг избор, па се преселивме во ‘Борис Трајковски‘. Но, дојдоа некои нови дечки, кои не ги почитуваат ниту историјата, ниту традицијата. СЦ ‘Јане Сандански‘ е нашиот нов дом. Во две сали повторно ќе играме“, соопшти „Пасворд“ на Фејсбук.
Дваесет и осмото издание на Таксират е закажано за 7 декември. Засега нема информации за учесниците.
(Фото: Фејсбук)