АМЕРИКАНСКА РАПЕРКА ПОЗИТИВНА НА КОВИД-19 ОТКАКО ЈА ИСМЕВАШЕ БОЛЕСТА

Лос Анџелес, (НМЕ)

Американската раперка Доџа Кет објави дека има коронавирус откако претходно ги исмеваше луѓето кои се плашат од болеста.

„Имам ковид-19. Да бидам искрена, не знам како се случи тоа, но се заразив. Сега сум во ред, иако четири дена полудував од симптомите“, изјави таа, обвинувајќи апликација за доставување храна за тоа што се заразила.

Кога вирусот почна да се шири низ САД, Доџа Кет на Инстаграм ја потценуваше неговата сериозност и ги исмеваше оние кои се уплашени.

„Гајле ми е за коронавирусот. Тоа е обичен грип, јас не се плашам. Сите вие сте пи*ки!“, кажуваше таа.