Некогашната тениска ѕвезда Ана Ивановиќ потврди дека го чека третото дете со сопругот Бастијан Швајнштајгер.
Тие се во брак од 2016, а истата година Ивановиќ ја заврши тениската кариера, во која го освои Ролан Гарос и беше на првото место на ВТА-листата.
Ивановиќ и бившиот германски фудбалски репрезентативец се веќе родители на двајца синови, родени во 2018 и 2019. Откако живееја неколку години во Чикаго, тие се скрасија во Австрија во 2019.