Денеска (4 октомври) во Скопје по 21. пат ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“.
Организаторот Универзалната сала најавува дека „градот ќе се претвори во голема уметничка сцена преку концерти, изложби, мултимедијални изведби, литературни читања и перформанси кои ќе бидат достапни за сите граѓани и посетители“.
Ова се избрани настани од програмата:
- Сули ан, 20 часот – „Стара скопска чаршија: визии за иднината“-мултимедијални презентации и изложби, по што следуваат сетови на диџеите Дарко Јорданов (Скопје), Бојан Јанев (Скопје/Берлин) и Женева (Париз)
- Музеј на македонската борба, 20 часот – изложба „Од чета до армија“
- Природонаучен музеј, 20 часот – изложба во соработка со ООУ „Вера Јоциќ“, „Преспанско езеро – бисер на природата“
- Детски културен центар, 11 часот – Детска ликовна изложба
- Библиотека „Браќа Миладиновци“, 19 часот – Промоција на книгата „Работилница за поправка на чувства – втора антологија на иднината“
- Културен дом „Кочо Рацин“, 19-21 часот – повеќе настани
- Културно-информативен центар, 20 часот – повеќе настани
- Музеј на Град Скопје, 19 часот – изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија
- Младински културен центар, 20 часот – претстава „Велеградски варијации“ и изложба на детски цртежи „Со очи детско срце“
„’Бела ноќ’ е симбол на културната отвореност на Скопје, вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ги слави креативноста и културниот дух на нашиот град“, велат од Универзална сала.
Фото: К. Попов