БЕНДОТ „БЕСТБИТ“ СО КОНЦЕРТ СО НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ НА „БИТЛС“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 8 март од 20 часот, во Филхармонијата ќе настапи српскиот трибјут бенд „Бестбит“, кој ќе ја свири музиката на легендарниот англиски бенд „Битлс“ на концерт насловен „Битлманија“.
„Концертот ќе трае 120 минути, а бендот ќе ги свири најголемите хитови на ‘Битлс‘“, велат организаторите „МГ продукција“.
Групата е формирана во 2005 година. Членови се Владимир Бановчанин како Џон Ленон, Дамјан Дашиќ како Пол Макартни, Марко Ќалиќ како Џорџ Харисон и Витомир Милиќевиќ како Ринго Стар. Досега има настапувано на европски фестивали, во клубови и на градски плоштади, како и со симфониски оркестар. Билетите се продаваат на мрежата на Мк тикетс.