БРИЏИТ ЏОНС Е ВО МОДА КАЈ МЛАДИТЕ ЗАШТО СЕ ТЕШАТ СО НЕА, РЕЧЕ СЦЕНАРИСТКАТА ХЕЛЕН ФИЛДИНГ

Лондон, (Би-Би-Си)

Сценаристката и писателка Хелен Филдинг вели дека приказната за Бриџит Џонс нашла нова публика со генерацијата З, која има повеќе проблеми отколку младите жени до 30 години, но се теши со искушенијата и неволјите на ликот.

„Она што е добро е што има нова публика за Бриџит, која е млада. Навистина сум среќна кога 18-годишници и 20-годишници доаѓаат со своите книги и разговараат со мене и велат дека им е утешно да се смеат на овие работи“, рече Филдинг.

Бриџит Џонс влезе во срцата на многу жени во 1990-тите, но некои мислат дека ликот, кој е опседнат со својата тежина и статусот на врската, не е најдобриот пример. „Дневникот на Бриџит Џонс“ стана бестселер во 1996, по што следеа уште три книги и три филмски адаптации, а четвртиот филм треба да биде објавен во почетокот на следната година.

Филдинг (66) рече дека гледа сличности помеѓу Бриџит и некои пријателки на нејзината 18-годишна ќерка.

„Последните две години сум окружена со тинејџерки, бидејќи доаѓаат во мојата куќа и можам да видам што имаат заедничко со Бриџит. Тие се првата генерација која со пандемијата го гледаше светот како се распаѓа. Тие се прилично кревки и отворени за своите емоции. Плачат во бањата и го објавуваат тоа на ТикТок“, кажа Филдинг.