БРУС ВИЛИС И ДЕМИ МУР ЗАЕДНО ВО ИЗОЛАЦИЈА 20 ГОДИНИ ПО РАЗВОДОТ

Лос Анџелес, (Дејли мејл)

Поминаа две децении откако Брус Вилис и Деми Мур ставија крај на својот брак, но среде пандемијата на коронавирусот тие покажуваат дека и натаму се едно големо среќно семејство.

Двете холивудски ѕвезди поминуваат време заедно во изолација, а друштво им прават и ќерките Талула и Скаут со нивните партнери. На фотографиите што на Инстаграм ги објави Талула недостига најстарата ќерка Румер.

Без разлика што Мур и Вилис изгледаат многу блиски на фотографиите, неговата сегашна сопруга Ема нема проблем со тоа.

„Ретко кој може да ги носи тие бои. Супер изгледате“, напиша Ема Хеминг Вилис под една од сликите, алудирајќи на нивните идентични пижами.

Деми и Брус беа во брак од 1987 до 2000 година.

„Горда сум на нашиот развод. Брус во почетокот беше уплашен зашто мислеше дека разделбата ќе биде тешка, но никој од нас не ја злоупотреби“, кажа Мур неодамна.