ПО ДВА СПОНТАНИ АБОРТУСА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ, СОПРУГАТА НА АЛЕК БОЛДВИН Е ПОВТОРНО ТРУДНА

Лос Анџелес, (Пипл)

Алек и Хиларија Болдвин не се откажуваат од желбата за петто дете. Речиси пет месеци откако откри дека имала спонтан абортус, нејзин втор за период од само седум месеци, 36-годишната Хиларија објави дека е повторно трудна.

„Немам зборови да опишам како се чувствуваме сега. Добивме убави вести дека ова мало што го носам е добро и здраво“, напиша таа на Инстаграм.

Болдвини веќе се родители на шест и пол-годишна ќерка, како и на синови од четири и пол, три и пол и од две години. Алек Болдвин има и 24-годишна ќерка од бракот со актерката Ким Бејзингер.

Хиларија изгуби женско бебе во април минатата година кога беше во четвртиот месец на бременост, што уследи само седум месеци по претходниот спонтан абортус.