ДЕНЕС Е СВЕТСКИОТ ДЕН НА СРЕЌАТА, ТЕМАТА НА ОВОГОДИНЕШНАТА КАМПАЊА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Е „ПОСРЕЌНИ ЗАЕДНО“

САД, (Би-Би-Си)

Денес (20 март) е меѓународниот ден на среќата, кој е воспоставен од Обединетите нации во 2013, како ден за славење на работите што ги прават среќни луѓето.

На овој ден, Организацијата ги повикува владите од светот да се погрижат луѓето да можат да се чувствуваат безбедно, сигурно и среќно.

Во 2015, ОН започнаа со кампањата за намалување на сиромаштијата и нееднаквоста и за заштита на планетата.
Секоја година, на Денот на среќата ОН организира различни кампањи со кои ги поттикнува луѓето да ја споделат среќата со другите. За денот на среќата во 2014, луѓето на социјалните мрежи објавуваа автентични слики за тоа што ги прави среќни со цел да ја „вратат среќата“ по лажните комерцијални слики кои сме „често бомбардирани“. Неколку десетици илјади луѓе споделуваа слики од нивното среќно секојдневие.

Во ова време на несигурност и конфликти, овогодинешната тема „Посреќни заедно“ има за цел да ги потсети луѓето дека трајната среќа доаѓа од чувството поврзано со другите и чувството да се биде дел од нешто поголемо.

Фото: Фрипик