ДЕТСКА ПРЕТСТАВА И КОНЦЕРТ СО ЛИКОВИТЕ ОД СЕРИЈАТА „5+ ФАМИЛИЈА“ ВЕЧЕРВА ВО ОХРИД

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Детска претстава и концерт со најголемите хитови од детската серија „5+ фамилија“ ќе се одржи во Охрид вечерва (2 август) на сцената на Долни Сарај во рамките на Охридско лето (20 часот).

Заедно со омилениот детски лик Петко, настапуваат и другите ликови од серијата: Лина, детективот Цветко, Лиз, Лука, Цвајнштајн, Комшито и Алек. Настапуваат актерите Игор Ангелов, Сања Арсовска, Антонио Ташковски, Дамјан Цветановски, Матеа Јанковска, Марјан Наумов и Изабела Јакимова.

Билетите по цена од 200 денари се продаваат преку мрежата на Купикарта, на rurivo.mk, а можат да се набават и пред сцената пред почетокот на претставата.