ЏАСТИН ТИМБЕРЛЕЈК ЌЕ ПОМИНЕ СО ПОМАЛ ПРЕКРШОК ОТКАКО БЕШЕ ФАТЕН КАКО ВОЗИ ПИЈАН

Њујорк, (АП)

Поп-ѕвездата Џастин Тимберејк ќе се изјасни како виновен откако во јуни беше уапсен за возење во пијана состојба. Обвинителите кажаа дека Тимберлејк ќе се појави денеска во судот во Саг Харбор Вилиџ и формално ќе прифати судска спогодба.

Деталите од договорот со обвинителството не се објавени, но добро упатен извор кажа дека Тимберлејк се согласил да ја призне вината за помал прекршок – возење со намалена способност. Ваков сообраќаен прекршок носи казна од 300 до 500 долари и одземање на возачката дозвола на 90 дена.

Тимберлејк претходно се изјасни како невин по прекршочното обвинение за возење во алкохолизирана состојба, но притоа му беше одземена возачката дозвола.

Тој беше уапсен во предградие на Њујорк на 18 јуни. Полицијата кажа дека мирисал на алкохол по излегувањето од својот автомобил, очите му биле зацрвенети и стаклени, говорот забавен и стоел нестабилно.

(Фото: АП)