ЏЕНИФЕР АНИСТОН ПОТВРДИ ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВА ОД ЏАСТИН ТЕРО

Лос Анџелес, (АП)

Една од најпознатите холивудски двојки Џенифер Анистон и Џастин Теро објави дека се разделува по повеќе од две години брак.

Тие соопштија дека ја донесоа оваа одлука на крајот на минатата година, при што не ги наведоа причините за разделбата, освен дека „ќе продолжат да го негуваат своето прекрасно пријателство“.

Четириесет и деветгодишната Анистон и три години помладиот актер се венчаа на тајна свеченост во Лос Анџелес во август 2015 година. Тие беа заедно четири години пред да стапат во брак, откако се запознаа на снимањето на една комедија.

„Ние сме двајца најдобри пријатели кои решија да се разделат како двојка, но ќе продолжиме да го одржуваме нашето пријателство. Се разбира, сето ова ќе го направевме приватно, но не сакаме да ѝ оставиме никаков материјал на индустријата на шпекулации. Над сѐ, сакаме да ги зачуваме почитта и љубовта што постојат помеѓу нас“, се вели во заедничкото соопштение на двајцата актери.

Ова беше втор брак за Анистон, која во 2005 година се разведе од Бред Пит.